Тинејџер убил две жени за да исполни „договор со ѓаволот“ и освои лото

од Stefanija Kuzmanovska

Британски тинејџер е прогласен за виновен за убиство на две сестри за да го исполни „својот дел од договорот со ѓаволот“ да жртвува шест жени на секои шест месеци со цел да освои џекпот на лотарија.

Даниел Хусеин (19), во јуни ги прободел Бибу Анри (46) и Никол Смолман (27) во парк во северо-западен Лондон.

Тој ги негираше обвинувањата за вмешаност во убиствата, тврдејќи дека станува збор за заговор, но судот во Лондон го прогласи за виновен. Казната ќе му биде изречена накнадно, пренесува „Ројтерс“.

Хусеин ги убил жените за да ја исполни својата страна од „договорот“ кој го потпишал користејќи сопствена крв, ветувајќи дека „ќе убива најмалку шест жртви на секои шест месеци се додека е слободен и физички подготвен“, изјави полицијата пред новинарите.

Инспекторот што ја водеше истрагата, Симон Хардинг, рече дека тој и неговиот тим се целосно убедени дека Хусеин ќе изврши уште убиства.

„Ниту една нормална личност не би направила такво нешто. Тоа е скоро како филм “, рече Хардинг.

Кога детективите извршиле претрес во неговата куќа, пронашле „договор“ и три билети за лотарија. Имало и сатански симболи и рачно напишана книга за магија, соопштила полицијата.

Слични содржини