Тинејџери уценувале малолетничка дека ќе објават фотографии со експлицитна содржина

од Nikola Popovski
262 прегледи

Тетовската полиција соопшти дека приведени се четворица малолетници од тетовско село бидејќи по пат на уцена, повеќепати ѝ земале пари на малолетничка.

-На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина, стои во полицискиот билтен.

-По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

Слични содржини