Тод: Гледаме трки заедно со Шумахер

од Vladimir Zorba

Нема многу луѓе кои ги знаат сите информации за Михаел Шумахер. Еден од среќниците е Жан Тод, човек кој е голем пријател со Михаел Шумахер.

„Не ми недостига Михаел, бидејќи можам да го видам, но ми недостига она што го правевме заедно. Вистина е – заедно гледаме трки“, изјави Жан Тод, некогаш првиот човек на Ферари во времето кога Шумахер освои сè што можеше да се освои.

Секако охрабрувачки информации, имајќи ги предвид некои претходни извештаи дека Германецот е во „вегетативна состојба“ и дека има сериозни проблеми поради повреди на мозокот.

Да потсетиме, има и такви кои се сомневаат во вистинитоста на приказната за Шумахер, еден од нив е Вил Вебер, некогаш близок пријател на германскиот Формула 1 возач.

Поранешниот агент и близок пријател на Шумахер не му верува многу на семејството, обвинувајќи ги дека не ја кажуваат вистината за здравствената состојба на седумкратниот светски шампион во Формула 1, кого го нема видено од несреќата.

„Тешко ми е… Сто пати се обидов да стапам во контакт со неговата сопруга Корина, а таа не ми одговори. Дури му се јавив на неговиот пријател Жан Тод и го прашав дали можам да одам во болница и тој ми рече да почекам бидејќи е рано. Следниот ден кога се јавив, никој не ми одговори и сè уште сум лут поради тоа“, изјави Вебер во 2013 година.

Слични содржини