Тодоров: Русија сака да ја задржи Македонија на вечната станица Западен Балкан

од Берта Китинска

Русија сака да ја задржи Македонија на вечната станица Западен Балкан и да остане изолиран остров. Првпат се случи јавно да се потврдат овие тези од страна на Петков во Благоевград и тоа е така и ќе биде така ако нешто не преземеме, вели за Утрински брифинг , Никола Тодоров, адвокат и поранешен министер за образование и за здравство.

Ние треба да им ја земеме играта од раце, коментира Тодоров, додовајќи дека можеби треба да се барат некои алтернтиви и притоа тоа да не е Евроазиска унија како што сакаат оние кои се наклонети на Русија.

-Можеме да се приклониме кон ЕУ на други начини, да се приклучиме кон ЕФТА и Шенген каде то Бугарија не е членка и не може да нѐ блокира. Така за десетина години можеме да покажеме дека умееме европски да функционираме. Ние сме сега членка на НАТО и работата е сосема друга, вели Тодоров.

Слични содржини