TopGear го изгласа Honda Civic Type R автомобил на годината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Уредниците на британскиот TopGear за автомобил на годината го прогласија Honda Civic Type R, кој е победник и во категоријата „Hot hatch of the Year“.

Покрај тие две освоени титули, овој моќен автомобил на Honda го претставува и автомобилот на годината по избор на Крис Харис, еден од тројцата главни презентери на TopGear.

Honda Civic Type R е дизајниран да обезбеди повозбудливо искуство, потпирајќи се на долгата традиција на автомобили со перформанси инспирирани од трката и ги докажа своите спортски перформанси со поставување рекорд во круг на патеката „Сузука“ во Јапонија.

Слични содржини