Топлотниот бран во Грција, во Атина се очекуваат 45 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Во големи делови на Грција од петок се очекува температурите да се искачат над 40 Целзиусови степени. Во главниот град Атина во сабота максималните температури би можеле да достигнат до 45 степени, соопшти денеска грчката државна метеоролошка служба. Надлежните ги повикуваат граѓаните и туристите да бидат внимателни и препорачуваат избегнување на тежок физички напор.

Синдикатите бараат слободен ден поради горештините

Многу градови и општини ќе отворат климатизирани простори за граѓаните каде луѓето ќе можат да бараат засолниште. Повеќе синдикати побараа петок да се прогласи за неработен поради горештините, но Владата се уште не се изјаснила по ова прашање.

Луѓето се повикуваат да работат од дома ако е можно. Од работодавците беше побарано да не бараат од нивните работници да вршат тешка физичка работа на отворено.

Се стравува дека бранот би можел да трае околу 10 дена

Метеоролозите се уште не можат да кажат колку долго ќе трае топлотниот бран. Сепак стравуваат дека високите температури би можеле да траат и до 10 дена. Опасноста од шумски пожари во моментов не е голема, бидејќи до пред неколку недели често во Грција врнеше силен дожд.

Слични содржини