Тошковски објави бројки: Го намаливме хаосот со личните документи

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи објави дека откога стапил на функцијата, почнала да се намалува кризата со фотографирањето и промената на личните документи.

-Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на издадени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.

Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат, истакна Тошковски.

Слични содржини