Тотенхем подготвува нова понуда за Заха

од Vladimir Zorba

Тотенхем ќе преземе нова офанзива за крилото на Кристал Палас Вилфред Заха, на кого одамна фрлил око. Според „Дејли мејл“, „петлите“ се подготвени да понудат 40 милиони фунти за играчот.

„Орлите“ сигурно ќе сакаат да добијат повеќе за играчот предвид неговата улога на лидер во тимот, откако Палас го загуби секој натпревар во сезоната, во кој Заха не игра.

Но, евентуалното преживување на тимот од Лондон во Премиер лигата сигурно ќе резултира со разделба со играчот. Челзи исто така е заинтересиран. Тотенхем долго време сакаше да го земе, а во 2016 година предложи 12 милиони за него, но беше веднаш одбиен. Тогаш Тотенхем ја зголеми понудата на 21 милион, но и тие не беа доволни.

Сега понуда од 40 милиони дефинитивно изгледа доста поприфатлива и „петлите“ сигурно ќе ја разгледаат внимателно, а многу веројатно е да ја прифатат, иако Заха има договор со Палас до летото 2022-та и добива по 100.000 фунти неделно.

Слични содржини