Трас избрана за нова премиерка на Велика Британија

од Vladimir Zorba

Лиз Трас е избрана за нова премиерка на Велика Британија, соопштија денеска од Конзервативната партија.

За функцијата нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за премиерската позиција се натпреваруваа министерката за надворешни работи Трас и поранешниот министер за финансии Риши Сунак. Анкетите пред гласањето ја фаворизираа Трас, која во колумна за „Сандеј Телеграф“ откри што би направила прво доколку денес стане премиер.

Таа рече дека ги разбира тешкотиите што ги предизвикуваат трошоците за живот за Британците и додаде дека ќе преземе „одлучна акција за да им овозможи на семејствата и бизнисите „да ја поминат оваа и следната зима“.

„Сандеј тајмс“ цитираше извори од Министерството за финансии дека нејзиниот план лесно може да надмине 100 милијарди фунти (115 милијарди долари), од кои повеќето ќе бидат додадени на задолжувањето на државата.

Во етер на Би-Би-Си, Трас одби да зборува за деталите од плановите, објаснувајќи дека не е соодветно да се навлегува во нејзината стратегија пред да ја преземе функцијата премиер.

Таа за „Телеграф“ изјави дека нејзиниот пристап ќе биде двоен: ќе започне итна акција за решавање на кризата околу трошоците за живот и план за постигнување економски раст.

Исто така, нејзиниот план е да формира Совет на економски советници, со цел да ги добие најдобрите идеи за економијата.

Слични содржини