Трејси МекГрејди: Коби сакаше да умре млад, за да биде овековечен! (видео)

од Nikola Popovski

Членот на Куќата на славните, Трејси МекГрејди и откри на јавноста некои детали од животот на Коби Брајант. Двајцата влегоа во НБА во втората половина од 90-тите години, а еден период беа заштитни лица на Адидас и често беа заедно.

МекГрејди, кој се пензионираше во 2013 година, изненади со откритието дека Коби често му велел дека сака да умре млад.

„Ова звучи лудо, но Коби зборуваше за ова, постојано го споменуваше. Сакам да умрам млад, сакам да бидам бесмртен. Сакам мојата кариера да биде подобра од онаа на Мајкл Џордан, сакам да умрам млад. Јас мислев дека е луд поради тоа што го кажува.Кога ми кажаа за смртта, танцував со ќерка ми на еден настан организиран од сопругата. Не можев да верувам, како и сите други – едноставно сум уништен“, изјави Трејси МекГрејди.

Слични содржини