Тренчевска за штрајкот на СОНК: Не може едната страна да губи, а другата да не направи отстапка од барањата

од Берта Китинска

Вчера на седница на Влада имаше точка во која министерот ја информираше Владата за состојбите во образованието и по дискусија се донесе заклучок министерот за образование, финансии и труд и социјала со ребаланост на Буџетот да обезбедат 10 отсто зголемување на платите. Друг заклучок беше да се достави решението до СОНК и да пристапи кој прекин на штрајокт. Се надевам дека членство на СОНК же разговараат за овој предлог, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа напомена дека во овој момент најсоодветно решение за зголемување на платите е тие да се покачат за 10 отсто и дека поголеми отстапки од овој процент би ја зголемило инфлацијата.

-Треба и двете страни да бидат флексибилни. Не може едната страна да губи, а другата да не направи отстапка од барањата, кажа Тренчевска.

Слични содржини