Лидерот на синдикалците, Слободан Трендафилов јавно информира колку работници имаат плата во висина на просечната плата во 2025 година. Според неговите информации, во јануари нула работници земале плата колку што е просечната, во февруари – 5 работници, во март – 0 работници, во април – 2 работници, во мај – 0 работници, во јуни – 10 работници, во јули – 7 работници, во август – 11 работници, во септември – 0 работници, во октомври – 5 работници, во ноември – 6 работници и декември – 0. Вкупно во текот на целата оваа година, плата во висина на просечната плата земале само 46 работници.
-Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Една просечна плата покрива 67% од вредноста на Синдикалната минимална кошница која изнесува 68.797 денари. Треба ли да се бориме за зголемување на платите на работниците, порача претседателот на ССМ.
ССМ веќе најави дека и годинава ќе организира работнички протест по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот ќе се одржи на 1 мај со почеток во 11 часот, а ќе започне пред Работничкиот дом во Скопје. Од ССМ потенцираат дека работничката борба не е еднократен настан, туку континуиран процес за заштита и унапредување на правата на работниците.