Третиот бран коси, нови мерки засега нема

од Берта Китинска

Нови рестриктивни мерки против третио бран од пандемијата со ковид 19 нема да има до понеделник.Властите очекуваат полицискиот час да  даде  резултати за 4 до 5 дена. Дотогаш полицискиот час од 22-05 останува на сила.

-Се наоѓаме во екот на третиот бран од почетокот на пандемијата – бележиме раст од нешто повеќе од 5000 активни случаи во последниот месец, 1100 хоспитализирани пациенти низ државата.Подготвени сме за прилагодување на капацитетите и отоврање на нови според планот за менаџирање на болничките капацитети кој одамна е утврден за овие услови.Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане иста се додека да го даде потребниот резултат – за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира во почетокот од следната недела, рече министерот за здравство Венко Филипче.

До крајот на март ќе пристигнат следните вакцини

Премиерот Зоран Заев истакна дека до крајот на март ги очекува следните вакцини, со кои ќе бидат опфатени наредните групи на граѓани.

„Лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200.000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи  да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина“, истакна Заев.

Премиерот вели дека ставот на здравствените работници, но и на политичкиот врв е дека сите вакцини, кои се потврдени од соодветните здравствени институции се, како што вели, здрави.

„Ако кинеските вакцини се здрави за граѓаните на Кина, се здрави и за нас, исто така и руските, исто така и европските, исто така и американските вакцини. Впрочем ние имаме нарачано од сите вакцини, а она што досега го знам е дека таа тема на дебата за „АстраЗенека“ е веќе отсранета, иако во поново време пак се појавува во некоја земја. Европската здравствена институција за лекови треба денеска или утре да има став за тоа. Така што нема да се дозволи во нашата земја ништо што е барем со промил ризик да биде употребено“, вели Заев.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

 

Слични содржини