Три децении на врвот: Ана Винтур наполни 70 години

од Elena Daskalova

Ана Винтур, главната уредничка на модниот магазин „Вог“ на 3 ноември наполни 70 години. Нејзиното влијание врз медиумскиот и модниот свет е неприкосновено. Многумина ја сметаат за највлијателната личност кога се во прашање модните магазини.

Се верува дека токму таа била инспирација за „Ѓаволот носи Прада“, но ова досега никој не го потврдил, ниту пак демантирал. Таа веќе 31 година е главна уредничка на „Вог“.

Уредничката на магазинот „Ел“, Фара Стор, ја опишува како жива Мона Лиза, која е оригинална во секој поглед на својата работа. Таа додава дека Винтур ретко дава интервјуа и никогаш не останува до крајот на забавите во Холивуд.

Поранешната уредничка на „Венити фер“, Тина Браун, зборува дека Ана има високи стандарди и во работата и во односите со луѓето, а стилот го задржала дури и за време на бременоста.

Нејзините соработници би ја опишале како стабилен ментор кој секогаш се грижи за вработените. Дури и покрај нејзината ладна надворешност, тие тврдат дека располага со неверојатни менаџерски, но и човечки способности, пред сè друго. Сепак, нејзината цел е една – на крајот да го добијат најдобриот производ, тоа е нешто од кое Ана Винтур никогаш не отстапува, да биде најдобра во својата работа.

Слични содржини