Царовска: 48,6 милијарди денари за 2020 година, за поквалитетен живот на децата, младите и повозрасните

од Vladimir Zorba

Министерството за труд и социјална политика за наредната година има планиран буџет од 48 милијарди и 600 милиони денари со кои ќе ги поддржи социјално ранливите категории, ќе инвестира во детскиот развој, ќе обезбеди социјална сигурност на повозрасните, но и ќе стимулира вработувања.

– Граѓанскиот буџет на Министерството за труд и социјална политика за наредната година ќе изнесува 48 милијарди и 600 милиони денари, од кои речиси 45 милијарди и 500 милиони денари завршуваат кај граѓаните. Создадовме буџет кој обезбедува социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Ги поддржуваме децата и детскиот развој и обезбедуваме социјална сигурност за повозрасните. Ние како Министерство се грижиме од најмладите од највозрасните и токму затоа најголем процент од буџетот завршува кај граѓаните, рече на денешната прес-конференција во Владата министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа образложувајќи го буџетот на Министерството за наредната година истакна дека според буџетските стапки 10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери. Дел од овие пари, односно 600 милиони денари се предвидени за исплата на детски додаток, 672 милиони за образовен додаток, а 468 милиони за социјални пензии.

-Со останатите средства ќе се исплаќаат гарантираниот приход и други социјални трансфери предвидени во законите за социјална и за детска заштита, рече министерката.

Слични содржини