Царовска: Нашиот концепт на учење е застарен, преку дигитализација ќе ги стимулираме учениците да истражуваат

од Viktor Jovanov

Не знам дали изјавите дека е намален видот на одредени деца кои вршеле настава на дигитален уред се засновани на вистинити податоци и методологија. Но, учениците односно младата популација се секако на дигитални уреди, телефони, лаптопи таблети и тоа време го користат за непродуктивни содржини. Родителите се свесни за истото. Ние велиме, доколку светот во кој што живееш е дигитален тогаш треба таму да пристапиме и да ги направиме содржините на учење интересни достапни за децата да посветат повеќе време на учење, изјави министерката за образование Мила Царовска за ТВ21.

-Дигиталниот учебник не значи читање на ПДФ копија со фонт 12 или 13, туку интерактивна содржина која ќе биде поставена таму. Учебникот не е единствен извор на информации, ученикот се стимулира да истражува и пребарува за да стигне до одговорите, а не да ги набуба или научи на памет и да ги репродуцира. Нашето образование е насочено кон репродукција на прочитан материјал, а во светот според анализа што значи дека ученикот преку разгледување или дијалог. Кај нас ученикот треба да препише и допише, додека пак во светот ученикот треба да истражува. Така научено знаење останува засекогаш, се друго е научено до тест. Затоа сме на најниско место во светот, затоа што нашиот концепт на учење е поразличен и несовремен, вели Царовска.

Слични содржини