Царовска: Не сум известена дека има локална трансмисија на вирусот во училиштата

од Берта Китинска

Не сум известена дека има локална трансмисија на вирусот во училиштата.Има изолација на поголем број ученици, кажа денеска ,инистерката за образование Мила Царовска.

Царовска вели дека обврска на сите е да се почитуваат протоколите , и дека во моментов имаме 0.02 активни случаи на ковид 19 во училиштата

„МОН не издава решенија за изолација. Јас не можам да комуницирам со бројка на изолација. 2 проценти од учениците од основно се со онлајн учење, а 7 проценти во средно образование. Вкупен број ученици е 240 илјади ученици“, додаде Царовска потенцирајќи дека во средното образование процентот е поголем бидејќи онлајн учеа учениците од Тетово и Гостивар поради владината одлука.

Слични содржини