Царовска: Од нас зависи колку децата ќе останат во училница, секој родител има одговорност да се вакцинира

од Nikola Popovski

Не прогнозираме колку време ќе остане наставата со физичко присуство. Тоа не е работа на Министерството за здравство, изјави денес министерката за образование и наука, Мила Царовска за Дневникот на ТВ Сител.

Таа рече дека после онлајн средбите со директорите на училиштата, добила информација дека сите се среќни што наставата се враќа во нормала.

-Од сите нас зависи колку децата ќе останат во училница. Секој родител има одговорност да се вакцинира, за неговото дете биде посреќно и да имаме безбедна средина за учениците. Испраќам апел до сите родители да се имунизираат. 2 деца на училишна клупа ги почитуваат протоколите, вели Царовска.

Таа додаде дека оваа година наставниците се повеќе подготвени отколку лани.

-Важно е да се почитуваат протоколите кои се напишани. Од вкупно 250.000 ученици кои ја започнаа учебната година, околу 2% побарале онлајн настава. Тоа се пред се хронично болни и апсолутно е прифатливо. Очекувам тој процент да остане, посочи Царовска.

Слични содржини