Цели семејства се лекуваат во ковид-центарот на Белградската арена

од Nikola Popovski

Медицинскиот координатор на привремената болница ковид во Белградската арена, Предраг Богдановиќ, изјавил вчера дека околу 370 пациенти се лекуваат во таа болница.

„Од 25 октомври 4.300 пациенти поминаа низ Арената. Овие се оние со умерена до тешка клиничка слика, кои имаат потреба од кислородна поддршка. Испишуваме околу 40 пациенти на ден и добиваме ист број. Има уште десетина места и секогаш се бара место повеќе“, изјавил Богдановиќ за РТС.

Тој вели дека во Белградската арена има пациенти на возраст од 20 до 90 години.

„Најстариот има 86 години, а најмладиот има 26 години. Има многу помлада популација, но и оние на постара возраст“, ​​рекол Богдановиќ, додавајќи дека во Арената има цели семејства кои се на лекување.

Богдановиќ им порачал на граѓаните да се придржуваат до сите мерки, да носат маски, да се држат на дистанца и да се вакцинираат.

„Никој не е имун на болеста. Голем број луѓе не ги следеа мерките по вакцинацијата. И апел за нив, избегнувајте контакти и носете маска“, вели Богдановиќ.

Слични содржини