Цените на нафтата се искачија на 75 долари

од Vladimir Zorba

Цените на нафтата на меѓународните пазари се искачија на 75 американски долари, поткрепено од падот на залихите во САД, што сигнализираше силна побарувачка и ги потисна во позадина споровите меѓу водечките производители околу зголемувањето на понудата

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 36 центи од претходното затворање, на 74,48 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 54 центи повисоко, од 73,48 долари.

Цените беа притиснати оваа недела со откажувањето на разговорите меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и група независни производители предводени од Русија за зголемување на производството паралелно со зајакнувањето на побарувачката за време на заздравувањето на економијата од корона-кризата.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се судрија околу предлогот за продолжување на договорот за ограничување на производството за осум месеци, до крајот на следната година.

Абу Даби е незадоволен и од пресметката на квотите, тврдејќи дека основата за зголемување на испораките е премала.

Русија се обидуваше да посредува за да може да се постигне договор за зголемување на производството, соопштија изворите на ОПЕК + во средата.

САД разговараа со високи претставници на Саудиска Арабија и ОАЕ, соопшти во вторникот Белата куќа.

Слични содржини