Центарот за социјални работи Велес обезбеди огрев за семејството Јованови

од Stefanija Kuzmanovska

Во врска со семејстовто Ангелина и Јордан Јованови од Велес, од  јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Велес известуваат дека Јованови се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари. Дополнително во соработка со Општина Велес работиме на обезбедување на помош за подобрување на условите на живот. Центарот за социјални работи Велес е во постојана комуиникација со корисниците на социјалните права и се грижи за нив со цел да им обезбеди подобри и попристојни услови за живот. Во меѓувреме Јованови се снабдени и со огрев и се упатени на остварување на другите права од социјална заштита.

ТВ 24 вчера објави сторија во која се наведува дека мајката и синот живеат со 11 илјади денари, кои ги добиваат од државата како нега и надомест за намалена мобилност. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет.

Слични содржини