Црна Гора со најмногу заразени од Ковид во Европа

од Vladimir Zorba

Европските статистички центри минатата недела ја регистрираа Црна Гора како земја со најголем број новозаразени со коронавирус на 100.000 жители од 52 земји во Европа.

Според нивните податоци, регистрирани се 600,9 пациенти на 100.000 жители.

На второ место по бројот на новозаразени е Грузија, трета е Косово, Велика Британија на четврто и Србија петта, со 317 нови позитиви на 100.000 луѓе.

Владата најави нови мерки за 10 септември, кога истекуваат актуелните, потсетуваат подгорички Вијести.

Тековните мерки беа донесени на 21 август, кога во Црна Гора беа активни 6.515 случаи на коронавирус, додека вчера беа регистрирани 7.975.

Епидемиологот Милена Поповиќ Самарџиќ вчера оцени дека епидемиолошката состојба е загрижувачка, не само затоа што Црна Гора е седма во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус и на самиот врв кога станува збор за новозаразените, „туку и затоа што таквите брутални факти не ги погодуваат граѓаните“.

Слични содржини