Црна сметка: Ураганот “Ирма” уби најмалку 77 луѓе, од кои 36 во САД…

од Vladimir Zorba

Ураганот Ирма уби најмалку 77 луѓе, од кои 36 во САД, објави Ројтерс.

Стихијата предизвикала осум смртни случаи и повредени 40 лица во округот Монро, во најјужниот дел на Флорида, која го вклучува и архипелаг Флорида Кис, објавија локалните власти.

Областа над која Ирма помина во голема мера беше изолирана, бидејќи комуникацијата е прекината и степенот на штетата штотуку почна да станува јасна.

Исто така, денес беше објавено дека шест жители на старечки дом починале во округот Бровал, Југоисточна Флорида, каде што нема струја. Тројца од нив загинале во куќата, а другите тројца откако беа одведени во болница.

Според најновите податоци, 4,3 милиони претплатници, или околу 9 милиони луѓе, немаат електрична енергија во Флорида и во соседните држави на САД. Во понеделникот, за време на врвот на кризата со електрична енергија предизвикана од Ирма, беа погодени повеќе од 7,8 милиони претплатници или повеќе од 16 милиони луѓе.

Слични содржини