„Цврста“ градба: Штом ја пресекоа свечената лента, мостот се „преполови“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Функционерите во елегантни костуми се собраа да отворат мост во главниот град на Конго, но додека се сечеше церемонијалната лента, структурата на мостот се сруши под нивните нозе, покажа видео потврдено од Ројтерс.

Токму кога организаторот ја пресече лентата на церемонијата во областа Мон-Нгафула во Киншаса, мостот се урнал, двете огради се откинале и централниот дел паднал во потокот неколку метри подолу.

Сцената предизвика смеа кај присутните граѓани, додека функционерите на мостот се обидуваа да избегаат од местото.

Соопштено е дека во инцидентот нема повредени.

Слични содржини