Турција го блокира транзитот на санкционираната стока во Русија

од Nikola Popovski

Турција овој месец ненадејно го запре транзитот на работа во Русија, бидејќи Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) вршат притисок врз сојузниците да ги поддржат мерките наметнати на Москва поради војната во Украина.

Владата нареди суспензија на транзитот на таква стока низ Турција од 1 март во согласност со санкциите, изјави висок турски функционер кој сакаше да остане анонимен, пренесува Блумберг.

„Системот за царинење на карго во Турција едноставно престана да работи“, рече Екатерина Лазуткина, косопственик на „Вендор Карго“, компанија со седиште во Москва за царинење и општа шпедиција која работи во Турција.

Царинскиот систем, како што рече, сега ја блокира стоката наменета за Русија.

Во текот на изминатата година, Турција стана едно од засолништата на руските богаташи и центар за набавка на стоки, благодарение на личните односи меѓу Владимир Путин и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот извоз во Русија се искачи на 9,3 милијарди долари минатата година, од 5,8 милијарди долари една година порано, што ја илустрира тешкотијата со која се соочија САД и ЕУ во составувањето обединет фронт против Путин.

„Позицијата на Турција е поврзана со проширувањето на санкциите на ЕУ против Русија“, рече Мустафа Бојаџиоглу, извршен директор на царинската брокерска куќа Субаши во Истанбул, кој ја потврди блокадата.

Тој рече дека нема официјално соопштение, нема преоден рок, што предизвика забуна кај компаниите.

Фото: ТАСС

Слични содржини