Турција издаде 113 потерници за градежни претприемачи и работници

од Vladimir Zorba

Официјални лица во Турција соопштија дека се издадени 113 налози за апсење во врска со изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, пишува Би-би-си. Турската полиција веќе приведе најмалку 12 лица, меѓу кои и градежни претприемачи.

Во меѓувреме, немирите во јужна Турција ги прекинаа спасувачките напори на некои места. Бројот на потврдени мртви во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 28.000.

Се очекуваат повеќе апсења, но многумина ќе ја видат оваа акција како обид да се оттргне јавната вина за катастрофата.

Со години, експертите предупредуваат дека многу нови згради во Турција се небезбедни поради ендемичната корупција и владините политики. Тие политики дозволија таканаречена амнестија за изведувачите кои ги прекршуваа со градежните правила за да поттикнат градежен бум – вклучително и во регионите подложни на земјотреси.

Илјадници згради се урнаа за време на земјотресот, што ги наметна прашањата дали последиците од природната катастрофа се влошени од човечка грешка.

Слични содржини