Турција тагува: Им помагала на ранливите подрачја, па загинала во страшна несреќа

од Radmila Tasevska

Според турските медиуми, инфлуенсерката Дилај Чевиз загинала во сообраќајна несреќа кога комбето во кое била излетало од патот. Таа се прослави со собирање хуманитарна помош за жртвите од земјотресот, а почина на пат кон  Караманмараш – едно од најзагрозените области.

Чевиз со своите пријатели замина од Истанбул во Караманмараш, за да ја земе хуманитарната помош што ја собра од серијата разорни земјотреси што ја погодија Турција.

Комбето, управувано од нејзината пријателка Серат, било на пат кон Измир кога вчера околу пладне удрило во бариери и слетало во поле.

Турската јавност тешко ја прифати нејзината смрт со оглед на големата популарност што ја уживаше. Дополнително, таа од самиот почеток на катастрофата што ја погоди Турција, неуморно собираше помош и ја делеше со пријателите таму каде што беше најпотребна.

Токму за тоа сведочат најновите фотографии кои таа ги објави на социјалните мрежи.

Слични содржини