Туристи во Париз платиле 247 евра за такси

од desk2

Двајцатуристи пристигнаа во Париз откако биле шокирани од цената за таксито од аеродромот „Шарл де Гол“ до францускиот главен град, која изнесувала 247 евра.

Отворена е истрага откако видео беше постирано на YouTube кое покажува дека двојка од Тајланд кои се возеле со илегално такси и платиле превисока цена.

Во видеото се гледа како нелиценциран таксист агресивно бара 247 евра на англиски јазик од двајцата патници.

Доколку седнеле во градско такс, тој пат од аеродромот до Париз немало да ги чини повеќе од 55 евра, сума која е прифатена од сите такси превозници од аеродромот до Париз, а беше воведена во 2016 година.

Туристите одбиле да платат 247 евра што доведе до бесен одоговр од таксистот.

„Таксито во Париз е многу скапо“, вика таксистот по нив.

Слични содржини