Турција за нападот на израелската полиција: Ги повикуваме сите да застанат против агресијата, ќе ја платат цената

од Stefanija Kuzmanovska

Турција денес го обвини Израел за терор на Палестинците откако израелската полиција истрела гумени куршуми и шок-бомби кон демонстрантите во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

Најмалку 205 Палестинци се повредени во судирите во текот на ноќта во близина на џамијата и ширум источниот дел на Ерусалим. Израелските сили извршија напади со шок бомби и солзавец на различни локации кратко по ифтарот.

Неколку турски официјални лица го критикуваа Израел и ги повикаа другите земји да изразат осуда.

– Нека биде срамота за Израел и за оние кои молчат пред ваквите срамни напади. Ги повикуваме сите да застанат против политиката на окупација и агресија на таа држава на апартхејдот – рече портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин.

Турскиот официјален претставник Фахретин Алтин изјави дека Израел ги крши човековите права и дека „ќе ја плати цената“ за тоа.

Слични содржини