Уапсен Гаги Џогани: Ја тепал сопругата, а сега ќе заврши во затвор поради кокаин

од Nikola Popovski

Газмен Џогај, односно Гаги Џогани, танчер и поранешен учесник во реалното шоу „Задруга“, е уапсен вечерва во Белград, бидејќи со себе имал две кесички кокаин, дознаваат српските медиуми. Поранешниот музичар, а во последно време и ријалити ѕвезда, претходно имал проблеми со наркотици, за што отворено зборуваше за домашните медиуми.

Пред десет години, Гаги се развел од поранешната сопруга Анабела Буква, поранешна пејачка на неговата група „Фанки Џи“, а по разводот призна дека ја тепал за време на бракот, но „дека не е ништо страшно“.

„Се случуваше два или трипати да се тепаме, но таа ме удираше повеќе пати отколку јас. Мислам дека тоа е нормална работа во бракот и не сметам дека е злоупотреба“, рекол Гаги пред неколку години, со што ја шокирал домашната јавност.

Епитетот насилник повторно го доби во 2016 година, кога физички ја нападна пејачката Сашка Каран, по што бил дисквалификуван од шоуто „Фарма“.

Тој повторно покажа насилно однесување надвор од камерите, но кон својата девојка Милена. Кон средината на 2016 година, тој ја претепа во станот во кој живееле, поради што беше осуден на три години условна казна во мај 2017 година.

Најголемиот шок за љубителите на неговата музика и целата јавност било неговото признание во 2016 година, во кое тој признал дека се дрогирал.

„Користев кокаин и пиев лекови секое утро по ноќта кога земав дрога. Тогаш само се чувствував мизерно и бедно. Само мислите за самоубиство ми поминуваа низ главата. Ги разочарав сите мои најблиски, ја уништив кариерата, дрогата ми го уништи животот“, признал Џогани.

Слични содржини