Уапсен новинар и писател за обесената кукла со ликот на Вучиќ

од Nikola Popovski

Бошко Савковиќ, српски писател и новинар, е уапсен околу пладне во својот стан, под сомнение дека носел транспарент, на кој била кукла со ликот на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“.

Како што изјавила за српски „Данас“, ќерката на Бошко, Емилија, четворица мажи се појавиле на нивната врата без никаков налог за апсење. Вели дека не се легитимирале.

Тој е приведен на информативен разговор во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент што го носеле на протестот „Србија против насилството“.

– Се собравме 15 души на споменикот (Плоштад Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време тука, а на сликите се појавила кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот Твитер профил. Транспарентот е сеуште кај нас, го гледаме. Го виделе инспекторите кои дошле, но, ние немаме никаква врска со куклата, рекла Емилија.

Таа напоменува дека нејзиниот татко Бошко Савковиќ е основач на сатиричниот весник „Наша крмача“, симбол на борбата за слобода на новинарството, кој беше претепан по улиците од луѓето на Вучиќ.

Според последните неофицијални информации, Бошко Савковиќ утре ќе се појави пред надлежен обвинител.

Тој се товари дека повикувал на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста. Нему му е одреден притвор од 48 часа.

Слични содржини