Убиен поранешен британски војник во Украина

од Nikola Popovski

Поранешниот британски војник Џордан Гетли е убиен со огнено оружје во Украина, соопштило вчера неговото семејство на социјалните мрежи, додека британската дипломатија само ја потврдија смртта на еден британски државјанин.

Дин Гетли на Фејсбук ја објави смртта на неговиот син, кој ја напуштил британската армија во март „за да ја продолжи својата кариера како војник на други полиња“.

Џордан Гетли отпатувал за Украина по „големо размислување“, напишал неговиот татко, додавајќи дека семејството ја примило веста за неговата смрт во петокот.

„Го поддржуваме семејството на Британецот кој загина во Украина“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, без да се наведат идентитетот или околностите на смртта.

Гетли истакнал дека неговиот син бил убиен со огнено оружје во Северодоњецк, на истокот на Украина, каде што руската офанзива е интензивирана веќе неколку дена.

„Тој ја сакаше својата работа и ние сме многу горди на него. Тој навистина беше херој и засекогаш ќе биде во нашите срца“, напишал Гетли.

Фото: EPN/Newscom / Newscom / Profimedia

Слични содржини