Убиство во Атланта заради паркинг место: Се карале пред трговски центар, а еден е погоден со куршум во глава (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Едно лице е убиено по расправија околу паркинг место пред шопинг центарот од најугледните населби во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија.

Две групи на луѓе во два автомобили се судрија заради паркинг место пред шопинг центарот Ленокс, соопшти полицијата.

Тие влегле во трговскиот центар, но расправата продолжила, па излегле надвор, по што еден од нив бил погоден со куршум во глава, објави АП.

Жртвата која била прогласена за мртва на лице место, не била идентификувана веднаш.

Четворицата осомничени го напуштиле паркингот со своето возило, по што имале судир, па излегле од автомобилот и почнале да бегаат.

Полицијата уапсила еден од нив, а сè уште не е јасно дали таа личност пукала.

Слични содржини