Учениците со стартот на учебната година ќе седнат и на училишните столчиња

од desk4

Останаа само уште неколку денови до почетокот на новата учебна година. Комисијата за заразни болести и Министерството за образование веќе донесоа одлука и наставата ќе се одвива со физичко присуство под посебни протоколи.
Учениците задолжително треба да носат маска на уста, да имаат температура пониска од 37,4 степени, и дезинфекција на раце. Не треба да се поздравуваат и меѓусебно да си споделуваат моливи, гуми, книги. Во спортска сала и библиотека истовремено присуство можат да бидат присутни ученици само од една паралелка, а во тоалет ќе се оди само за време на наставните часови организирано со помал број на ученици.
Ова е само дел од протоколот на кој ќе мора да се придржуваат учениците и наставниот кадар во средните и основните училишта кога за четири дена треба новата учебна година да ја стартуваат со физичко присуство во училиштата.
Освен задолжителното носење заштитна маска, одржување дистанца, проветрување на училниците, училиштето треба во функција да ги стави сите влезови. Учениците од различни паралелки не треба да се мешаат, а забрането е влегување на родители и старатели.
И покрај нивното детално набројување сотанува нејасно е како ќе се организираат паузите меѓу часовите, дали сите паралелки ќе го користат големиот одморот истовремено, каде наставниот кадар да престојува за да ја испочитува препораката да се избегнува подолго задржување во наставничката канцеларија, но и како на пример во декември или јануари, да се применува препораката за држење на отворени прозорци во просториите ако тоа не го дозволуваат временските услови.
Протоколите веќе излегоа во Службен весник.

Слични содржини