Украина ги повика жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата.

Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да се евакуираат во текот на зимата, пренесува „Униан“.

„Со оглед на тешката ситуација во градот и проблемите со инфраструктурата, во текот на зимата можете да се евакуирате во побезбедните региони на земјата“, напиша таа.

Слични содржини