Украина му зададе болен удар на Путин: Ова е моментот кога С-400 одлета во воздух (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили го уништија рускиот противракетен одбранбен систем С-400 во анектираниот Крим, соопшти Киев.

„Експлозијата целосно го уништи системот, неговите ракети и персоналот“, се вели во соопштението на украинската воена разузнавачка агенција ГУР, придружено со видео од експлозијата.

Без да го идентификува оружјето кое го уништи рускиот С-400, разузнавачката агенција соопшти дека „се случила експлозија“ на полуостровот Тарханкут во западниот дел на Крим, пишува „Москва тајмс“.

„Со оглед на ограничениот број на такви системи во арсеналот на непријателот, ова е болен удар за системот за противвоздушна одбрана на окупаторот“, соопшти ГУР.

Доколку се потврди, тоа ќе биде трет руски систем С-400 уништен од инвазијата на Украина пред 18 месеци.

Руската војска не го коментираше извештајот на ГУР.

Системот земја-воздух С-400 Триумф стапи во служба на руската армија во 2007 година.

Слични содржини