Украина во четвртфиналето на ЕУРО по гол во 120 минута

од Vladimir Zorba

Украина се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, откако резервистот Артјом Довбик се запиша на самиот крај на второто продолжение во 120 минута.

Избраниците на Андриј Шевченко победија со 2-1 против Шведска и ќе се соочат со Англија во битка за пласман во полуфиналето.

Александар Цинченко го отвори резултатот во 27-та минута, а непосредно пред паузата Емил Форшберг израмни.

Немаше голови по паузата, но Форшберг двапати ја погоди гредата, а ударот на Сидорчук исто ја погоди гредата.

Бидејќи немаше повеќе голови, натпреварот замина во продолженија, а во 99-та минута Шведска остана со играч помалку. Даниелсон најпрво доби жолт картон за остар фаул над Беседин, но Орсато ја погледна снимката и му даде црвен картон на шведскиот дефанзивец.

Кога веќе се чинеше дека ќе гледаме пенал рулет, Украина погоди за 2-1. Зинченко уфрли брилијантно, а Довбик погоди со глава за победа.

Во својот трет настап на Европското првенство, Украина за првпат ја помина групата, а сега отиде чекор понатаму.

Слични содржини