Украина: Загинаа 136 деца од почетокот на агресијата

од Nikola Popovski

Во војната во Украина загинаа 136 деца за 31 ден од почетокот на руската инвазија, соопшти Канцеларијата на украинскиот државен обвинител во порака на апликацијата Телеграм.

Канцеларијата напиша дека во регионот на Киев биле убиени вкупно 64 деца. Во регионот на Доњецк загинале 50 деца, а повредени се 199 деца.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

Слични содржини