Украински генерал: Ќе го ослободиме Херсон до крајот на годината

од Nikola Popovski

Украинскиот воен командант изјави дека целта на украинската армија е до крајот на годината да го ослободи регионот Херсон.

„За жал, не можам да ви дадам точна временска рамка или датум. Но, сакам да им кажам на луѓето во Херсон… нема да потрае колку што сите очекуваат. Ќе биде брзо“, изјавил генерал-мајор Дмитро Марченко во интервју за Би-Би-Си, додавајќи: „Во блиска иднина сè ќе се види и слушне“.

На прашањето дали целта е да се ослободи Херсон до крајот на годината, Марченко одговори: „100 проценти“. Тој додал дека зборува за крај на руската окупација на Херсон и „крај на активната фаза на војната“.

„Потоа, воените операции секако ќе се одвиваат локално, но до крајот на годината мора да ја завршиме главната фаза од војната“, навел генералот.

Марченко зборувал и за украинските напади кои имаат за цел да ги онеспособат мостовите на реката Днепар, кои Русите ги користат за снабдување на своите сили во Херсон.

„Мостот кај Нова Каковка, во близина на важна хидроцентрала, веќе е погоден“, изјавил Марченко.

„Тешко е да се оштети бидејќи во близина има критични инфраструктурни објекти. Ако ги погодиме, може да ја оштетиме браната. Но, мислам дека наскоро и тој мост ќе биде доволно оштетен што Русите повеќе не можат да го користат за снабдување со опрема и персонал. А кога ќе ги отсечеме, тогаш ќе ги победиме и ќе ги избркаме од Украина“, дециден е украинскиот генерал.

 

Слични содржини