Умтити ја менува Барса со Реал во текот на летото?

од Vladimir Zorba

Барселона веројатно ќе се раздели со двајца француски дефанзивци во текот на летото, објавија локалните медиуми.

Левиот дефанзивец Лука Дин е предложен на италијанскиот Јувентус, бидејќи не влегува во плановите на тренерот Ернесто Валверде.

24-годишниот Дин беше донесен на „Камп Ноу“ од ПСЖ во текот на летото на 2016 година за 16,5 милиони евра, а во оваа сезона забележа 19 натпревари со 1 гол и 1 асистенција.

Ситуацијата е поинаква со централниот дефанзивец Самуел Умтити. 24-годишниот Французин води преговори за обновување на договорот, но во овој момент не може да се постигне разбирање за личните услови.

Реал Мадрид ја следи ситуацијата и е подготвен да ја активира клаузулата за ослободување во договорот на дефанзивецот со Барселона во вредност од 60 милиони евра, откако ќе му предложи три пати поголема од сегашната плата.

Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран за Умтити.

Слични содржини