Унгарија се повлече од договорот на ЕУ за набавка на 1,8 милијарди вакцини

од Vladimir Zorba

Унгарија е единствената членка на Европската унија која одлучи да биде изземена од новиот договор за набавка на вакцини за коронавирус што Брисел го потпиша со компаниите Pfizer / BioNTech, соопштија официјалните лица.

Договорена е испорака од 1,8 милијарди дози од нивната вакцина, рече портпаролот на ЕУ.

Комисијата денес го потврди новиот договор, трет потпишан со овие компании, за можно купување на 1,8 милијарди дози до 2023 година, откако во двата претходни договори беа нарачани 600 милиони дози.

„Унгарија се повлече од договорот со Фајзер“, рече портпаролот на ЕУ.

Гергели Гулјаш, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, потврди дека Унгарија одлучила да не биде дел од заедничката набавка и изрази уверување дека земјата може сама да набави вакцини.

Дури и ако е потребна трета доза, „има многу вакцини од источни и западни извори“, рече Гулјаш на прес-конференција.

Орбан разви силни врски со Русија и Кина, а Унгарија одобри употреба на кинески и руски вакцини пред одобрување од регулаторната агенција на ЕУ и е единствената членка на Унијата што го сторила тоа.

Слични содржини