Уништена мрежа на трговци со дрога, уапсени 24 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Австриските власти уништија мрежа на трговци со дрога составена од Албанци од Косово и Албанија.

За време на полициската акција во Виена, уапсени се 24 лица, а запленети се 200.000 евра, пренесува „Репортери“.

Мажи на возраст од 18 до 48 години беа приведени и сите беа обвинети за трговија со дрога. Оваа група дејствувала во осум австриски области.

Продавале наркотици во кафулиња, на улица и од автомобили. При претресот на становите на обвинетите полицијата пронашла 2.000 растенија канабис со вкупна тежина од околу 80 килограми, 3.1 килограм кокаин и 204.000 евра. Полицијата заплени и три возила.

Слични содржини