УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Несекојдневна реакција на куче за време на апсење на дилери

од Stefanija Kuzmanovska

Полицајците од одделот за наркотици во бразилската држава Сао Паоло уапсија тројца мажи на ранч во Хортоландија во четвртокот, а снимката од рацијата набрзо стана вирална.

На видеото се гледаат уапсените како лежат со лицето надолу на подот со рацете врзани со лисици зад грб. Но, и масивниот ротвајлер на бандата исто така одлучил да се предаде и да се фрли покрај тројцата осомничени.

Полицајците заплениле 1.176 парчиња цигли со 1,1 тон марихуана. Според полицијата за наркотици, дрогата била доставена во куќа во Хортоландија од Кампо Гранде, државата Мато Гросо до Сул, но полицијата го надгледувала имотот и извршила рација кога пристигнала испораката.

Полицајците веруваат дека дрогата била наменета за продажба во и околу Кампинас, државата Сао Паоло.

Кучето останало кај сопственикот на земјиштето околу куќата, за кој полицијата вели дека не е вклучен во трговија со дрога. Полицајците рекоа дека ќе се вратат за да го проверат ротвајлерот и уште две други кучиња за да видат дали треба да се повика контрола на животните.

Слични содржини