Уште 473 новозаразени од 2708 тестови

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти од: Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово – по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово – по 7, Охрид и Радовиш – по 6, Кичево, Богданци и Виница – по 5, Струмица, Валандово и Гостивар – по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2, Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини