Уште една мистериозна смрт: Потпретседателка на голема руска банка паднала од прозорец

од Stefanija Kuzmanovska

Извршната директорка и потпретседателка на руската Локо-банка, Кристина Баикова (28) почина откако наводно паднала од прозорецот на стан на единаесеттиот кат на булеварот Ходински во центарот на Москва. Иако несреќата се случила на 23 јуни, медиумите за истата дознале и известуваат дури денеска.

Во станот била со извесен Андреј (34), кој тврди дека Кристина го контактирала барајќи да дојде на пијачка пред несреќата. Покрената е истрага за нејзината смрт.

Ова е само една од низата мистериозни смртни случаи кои се случија во Русија од почетокот на агресијата против Украина, пишува „Дејли Мејл“.

Минатата година, нафтениот магнат Равил Маганов, претседател на управниот одбор на рускиот нафтен гигант Лукоил, компанија која отворено ја критикуваше инвазијата на Путин на Украина, почина откако падна од прозорец на болница.

Слични содржини