Уште едно одложување: На 22. април презакажано судењето за случајот „Талир“

Поради изолација на еден од адвокатите на обвинетите во случајот ,,Талир 2″, денешното судско рочиште се одложи за 22 април.

Во „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски, кој е во бегство и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристовска.

Слични содржини