Уште едно појавување на Кејт Бланшет без нејзиниот венчален прстен

од Vladimir Zorba

Модната недела во Париз ги собра љубителите на модата од целиот свет, а шефовите на модните куќи со месеци однапред го договараа појавувањето на холивудските ѕвезди на нивните модни ревии. Луј Витон успеа во Париз да ја донесе 54-годишната Кејт Бланшет, која уште еднаш блесна пред насобраните фотографи, но и поттикна нови гласини за проблеми во бракот.

Имено, веќе подолго време се шпекулира дека бракот на убавата Кејт и четири години постариот Ендрју Аптон завршил, а таа дополнително ги подгрева тие гласини со тоа што не ја носи бурмата.

Без неа, таа пристигна на претставувањето на колекцијата на Луј Витон за есен – зима 2024/2025 година, облечена во сатенска сина блуза со отворени ракави, која одлично одговараше на црни кожени панталони.

Расположена и насмеана, Кејт застана пред фотографите и позираше, не се ни трудеше да ја скрие раката без бурма.

Инаку, парот со месеци не е виден заедно во јавноста. Двојката, која е во брак од 1997 година, последен пат беше видена во август минатата година, за време на семеен одмор на Ибица, а во февруари годинава ја ставија на продажба својата куќа во Мелбурн.

Од 2015 година, Кејт и Ендрју со своите деца живеат во Велика Британија, каде што купиле уште неколку имоти. За време на бракот тие добија три сина, Дашиел (22), Роман (19) и Игнатиус (16) и ќерката Едит (8).

Слични содржини