Уште не изгласан, на Предлог – законот за државјанства му се „насмевнува“ Уставениот суд

од desk4

Бурна расправа на Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е Предлог законот за државјанство. Опозициската партија  ВМРО-ДПМНЕ побара одговор, – Зошто Предлог – законот  е доставен со европско знаменце кога во законот нема ништо европско. Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова власта се повикува на европското право и европско знаме, а во законот наведува само Конвенции.
-Во Законот за државјанство се повикувате на Конвенции. Меѓу нив и на Конвенцијата за лица без државјанство од 1954 г. , Конвенцијата за намалување на стапката на лица без државјанство од 1961, Европската конвенција за националност од 1997, Конвенцијата на Советот на Европа за одбегнување на бездржавјанство, но, зошто – кога тие не се европска регулатива, односно не се европско право. Барам, во Предлог законот да ја наведете регулативата врз која се темели. Државјанството е еден многу сложен институт. Во ЕУ има директива која се однесува на европското државјанство, во кое што се кажува, дека прво морате да имате „национално“ државјанство на земјите членки, за да добиете европско државјанство. Но, над 60 % од членките на ЕУ не дозволуваат двојно државјанство. Сакам да кажам  дека има огромни разлики во однос на давањето на државјанството. За државјанството важи „институтот“, дека државата  дури и кога некој ги исполнува сите услови, може да не му даде државјанство. Добро е што нашата држава не е таква но, има такви, на пример Британија. Зошто не дава? Од дискрециони причини, рече Силјановска Давкова.

Според пратеникот од Левица Димитар Апасиев, секоја држава има право да дава државјанство според свои правила. Власта се повикува на овие конвнции, но не и на најбитната – Конвенциијата за намалување на повеќе државјанство од 1963. Зошто? Затоа што суштината на овој закон не е за апатридите, туку за оние кои веќе имаат државјанство и кои живеат на Косово, или во Швајцарија.

-Предлог законот ги става во понеповолна положба лицата кои се родени и живеат во Р Македонија целиот свој живот и немаат никакво државјанство, најчесто тоа се лица од ромска националност. Нив ги дискриминира, за разлика од оние кои ги фаворизираат – лицата кои по 91 година се иселиле од земјата, кои не знаат македонски јазик, или, пак, веќе имаат државјанство. Тие ќе имаат можност на привилигиран начин да го добијат. Гледате ли каква правна пукнатина остава Предлог – аконот за државјанства кој најверојатно ќе биде оспорен пред Уставиот суд. Имате деца од ромска националност, кој целиот живот се тука и овој закон не го решава нивното прашање. Туку, ќе дава државјанства на деца од Швајцарија,  од Косово, од Албанија, на деца иселени во Турција , бидејќи се брише „матична земја“, рече Апасиев.

Пратеничката од СДСМ Снежана Ванчева Калевска, ја повика опозицијата да не ја злоупотребува одредбата „процедурално“ и да дозволи Комисијата за европски прашања да премине на суштинската расправа по амандманите.
-Од никој не слушнав да каже дека нема потреба од предлог – измени на Законот за државјанство. Ако сите сме согласни дека има потреба и дека имаме граѓани за кои мора да најдеме законско решение, согласно Уставот, меѓународните стандарди и Конвенции, на кои сме потписнички и кои сме ги ратификувале, тогаш е неразбирливо да имаме проблем со милион процедурални забелешки. Дајте да ја почнеме  суштински расправата, за амандманите. Дали сте подготвени да го потрошите времето на наводни процедурални забелешки или навистина сте загрижени да донесеме што поквалитетно законско решение. Извинете, членови на опозиција, јас со ова ваше однесувње не верувам дека навистина сакате квалитетно законско решение и дека сте толку загрижени за евидентната категорија на луѓе, на кои што ова право им е оневозможено, рече Ванчева Калевска.
Пратеничката од ДУИ Арта Билали Зендели рече дека доколку на овие лица им се даде државјанство тогаш и тие ќе ќе имаат обврска да ги исполнуваат своите должности кон државата.
-Овие лица не се во голем број, нема да создадат армија. Го прашав заменик министерот за внатешни работи Нухиу, – Колку активни барања има во МВР? Знаете што ми одговори, – некаде околу 1 000. Еве да додадеме уште 1000, кои немаат поднесено барање, тоа се 2000 лица. Што ќе изгубите вие драги колеги од македонската опозиција, ако оваа држава има обврска за плус 2000 граѓани и тие ќе имаат обврска кон државата, рече Билали Зендели.
Халил Снопче од Алијансата која го поднесе Предлог законот за државјанство рече дека се лажни информациите, за тоа дека не се решава прашањето на оние лица кои немаат никакво државјанство.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе шест амандмани, а Левица 1000 амандмани на Предлго законот за државјанство.

Б.Т.

Слични содржини