Усик изненадувачки го победи Џошуа и освои четири титули

од Vladimir Zorba

Украинскиот боксер Александар Усик го победи Британецот Ентони Џошуа со едногласна одлука на судиите, приредувајќи големо изненадување со освојување на титулите шампион во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Усик (34) сега има 19 победи во својата професионална кариера и нема пораз, додека Џошуа го претрпе вториот пораз во професионалниот ринг.

Александар Усик ја презеде иницијативата уште на почетокот на стадионот Тотенхем пред околу 70.000 гледачи и го диктираше темпото до самиот крај во поголемиот дел од борбата.

Бранителот на четири титули, Британецот Ентони Џошуа, неуспешно се обиде да ја прекине серијата на ривалот со ненадеен нокаут, но не успеа, па по 12 рунди борба судиите едногласно му ја доделија победата на Александар Усик.

Така Украинецот стана првиот боксер по Ивандер Холифилд, кој беше неприкосновен шампион во категоријата „крузер“, а потоа стигна до светските титули во најтешката дивизија.

Поразот од Усик е втор во кариерата на Џошуа, бидејќи во 2019 година беше поразен од Енди Руиз.

Слични содржини