Усмртена велосипедистка во Прилеп, во неа удрил „фолксваген“

од Stefanija Kuzmanovska

На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од село Славеј удрило во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од добиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Слични содржини